Трговија:

АЛОВ АД е компанија за трговија со нафта која има долгорочни договори и цврсти врски со различни нафтени компании низ Балканот. Ние ги набавуваме нашите производи со помош на увоз од соседните земји, пристаништа и различни рафинерии. Нашата професионалност и флексибилните финансиски услови ни овозможуваат да обезбедиме различни трансакциски структури и така им нудиме вредни решенија на нашите кленти.

Успехот на АЛОВ АД како трговец на нафтени производи е изграден врз основа на инзвонредност. Ние ги комбинираме нашите основни компетентности во увозот, логистиката и складирањето со знаењето и искуството стекнати од долгорочните односи меѓу набавувач и клиент.

При процесот на трговија со нафта ние обезбедуваме креативни решенија за да ги надминеме бариерите во поглед на цените, логистиката и финансиите кои може да се испречат на патот. Од нашата посветеност за обезбедување решенија сите страни во процесот имаат бенефит, се создаваат долгорочни контакти и максимално се зголемуваат можностите.

Нашите трговски услуги се вршат со ефективност и ефикасност. Ние работиме на брзо растечки пазар каде способноста да се реагира на промени и да се остане во играта на нафтената трговија е од основно значење за обезбедување на квалитетна услуга за клиентите.

Искусни

Нашите трговци се искусни индивидуалци со знаење и разбирање на индустријата со трговија на нафта.

Во овој постојано променлив пазар, искуството навистина се зема предвид, особено за добивање на најдобрите зделки за нашите клиенти.

Персонализирани

Инвестиравме време и енергија во изградбата на блиски односи со секој дел од синџирот на набавка.

Нашите односи се засновани на доверба, стекната преку исполнување на ветувањата што ги даваме и квалитетот на производите и услугите што ги обезбедуваме.

Флексибилни

Секој клиент е различен со единствени потреби и барања.

Врз основа на нашето искуство на пазарот и големата финансиска ликвидност, ние обезбедуваме флексибилни решенија за нашите клиенти со кои тие добиваат максимум можности.

Нашиот тим за транспорт оперира ускладено со нашите трговски канцеларии со цел управување со изложеноста на стоката и за зголемување на безбедноста и ефикасноста на нашите физички трансакции. Доставата на производите со голема флексибилност до нивните целни дестинации за складирање.