За нас:

За АЛОВ АД

АЛОВ АД е трговска компанија основана во Македонија од група искусни професионалци во Меѓународниот сектор за трговија со нафта. Нашата нафтена компанија постојано расте од самото основање и стана призната високо почитувана во Индустријата на трговија со нафта. Нашата набавка на нафта е посветена на обезбедување премиум економски услуги, со што ќе обезбеди конкурентска предност на повеќето пазари низ Европа.

АЛОВ АД е многу одговорна во поглед на животната средина. Со сите наши производи работиме безбедно и ги почитуваме и најстрогите меѓунардони стандарди за безбедност.

Од самиот почеток ние се разликуваме по тоа што сме посветени на долгорочни бизнис односи и примена на иновативните трговски решенија.

Преку комбинирање на нашето регионално маркетинг знаење со глобалната логистика ние се стекнавме со репутација на доверлив партнер за трговија со нафтени производи од области со суфицит до оние со најголема побарувачка.

Нашите дејности

Увоз

Ние увезуваме квалитетни нафтени производи (дизел, нафта за затоплување, лпг, леад 95, битуме, нафтен кокс) главно од пристаништа и соседните земји: Албанија, Бугарија, Србија, Грција.

Транспорт

Ние ги доставуваме производите со голема флексибилност до целните дестинации за складирање. Ние го обезбедуваме транспортот со нашите камиони-цистерни, како најрационален и економичен начин за достава.

Складирање

Ние се стремиме да нудиме највисок стандард за квалитет за складирање на нафтените производи. Постојано ги шириме нашите капацитети за складирање, со аспирации да ја направиме АЛОВ АД една од водечките компании за чување нафта во регионот.